Според Груби институциите се виновни што рамковните административци си седеа дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната Топ тема во Телма телевизија гостуваше вицепремиерот Артан Груби кој истакна дека не по вина на рамковните вработени, туку институциите биле виновни за нивни нераспределување затоа што не ги прифаќале.

На прашањето како може десет години 1.300 рамковни вработени да не бидат распределени, што само по себе е скандалозно, Груби вели дека тоа не било нивна вина, туку во вина на институциите во државата.

-Апсолутно не по нивна вина, туку по вина на институциите кои не прифаќаа рамковно вработени административци, што е апсолутно неприфатливо и затоа бевме принудени да пpедложиме посебен закон само за овие административни, според коj план сега се прераспределуваат, вели Груби.

Тој вели дека денеска една третина потпишале договор, 349 од нив ги прифатиле решенијата и можеле да започнат со работа уште утре, главно тоа биле административци точно 143-ца кои ќе влезат на работа во Министерството за внатрешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This