СПОРЕД МАТИЧНО БУЈАНОВАЦ Е ВО КОСОВО: Слабо им оди географијата на македонските матичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информација од рубриката „Верувале или не“ донесува српскиот весник „Вечерње новости“ во денешиот број, во кој пишува за намерна грешка на македонските матичари, според кои градот Бујановац од јужна Србија се наоѓа во – Косово?!

Документ со таква содржина добил Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, кој од Управа за водење матични книги – Скопје побарал извод од матичната книга на умрени за својот татко Душан, починат на 3 октомври 1984 година. Неколку дена пред смртта таткото на Горан доживеал сообраќајна несреќа кај Бујановац, од каде што го префрлиле во болница во Скопје, каде што во тогашна СФР Југославија се наоѓал најблискиот клинички центар.

„Малку е да се каже дека бев збунет. Откако уплатив околу 300 денари, љубезно ми рекоа да дојдам за околу половина час. Така и направив. Кога го зедов документот, имав што и да видам. Бев и збунет и бесен, бидејќи покрај сите податоци наведени во овој официјален документ во рубриката ‘место на раѓање’ стои ‘Бујановац, Р. Косово’“, вели Горан за „Новости“.

„Не можев тоа да го премолчам, и веднаш се вратив да им објаснам дека тоа не е вистина. Но, немаше корист од тоа. Ми објаснија дека во нивниот систем и во компјутерската програма така е заведено и оти тука ништо не може да се преправа. Не ми беше сеедно, но го зедов документот и заминав“, додава Стевановиќ, кого сега го загрижува дали во Србија овој документ ќе биде профатен како валиден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This