СПОРЕД НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА: Црната магија се внесува и преку храна и пијалок, може и да стапнете на неа…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човек што нагазил на црна магија, кој изел или испил нешто во кое била ставена магија, може често да чувствува болка во желудникот, да му се подува стомакот дури и после консумирање на мала количина храна или пијалак, а некогаш тоа се случува и кога стомакот е празен… Магијата може да се изеде, да се добие на подарок, да се стапне на неа… Бројни се начините за да му се нанесе зло некому – ова е извадок од Народните верувања.

Исцелителка раскажува пример од својот долгогодишна пракса, во која често се среќавала токму со вакви симптоми кај пациенти кои од неа барале помош.

-Неодамна ми се јави еден човек од странство кој со својата жена отпатувал поради работа. Таму основал семејство, складен брак, деца… но, одеднаш преку ноќ човеков почнал да ја мрази жената. Истовремено чувствувал и силни желудочни тегоби. Го болело желудник, не можел да јаде, да спие. Не сакал да оди на доктор, а сопругата почнал да ја брка од дома. Меѓутоа, кога ми се јави неговата жена целата расплакана и очајна, веднаш ја утешив, бидејќи „видов“ дека нејзиниот сопруг е здрав. Еве во што беше работата: тој за време на пауза од работа, започнал да оди во еден нов ресторан каде работела една девојка која правела црни магии. Таа му „фрлила око“ на човекот, па му ставила нешто во храната. Го сакала за себе и за малку ќе успеала во тоа. Во храната и кафето му ставила крв и други работи со магија за да се вљуби тој во неа. Затоа тој почнал да ја мрази својата жена, да му биде грда и одбивна, а децата едвај ги поднесувал, бидејќи му личеле на мали демони, додека девојката во ресторанот ја гледал како најубав ангел. Меѓутоа доброто секогаш победува, па така и овој брачен пар после неколку советувања и голема љубов, успеаја да ја победат црната магија – прераскажува исцелителката.

извор:галама.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This