April 24, 2024, 10:36 am

СПОРЕД НАЈНОВИТЕ ИСТPAЖУВАЊА: Црвеното jaболко наскopо ќе исчeзне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако можете да најдете зелени и жолти јаболка во продавниците, црвените обично се најпопуларни. Сепак, се чини дека црвените наскоро ќе исчезнат од пазарот, јави Би-Би-Си, а климатските промени се виновни за тоа.

 

 

 

 

Бојата на јаболкото потекнува од нивоата на изразување на одредени гени во кората на јаболкото, откриле научниците. Дејвид Кегни, истражувач за растенија и храна во Нов Зеланд, објасни дека сетот ензими дејствуваат заедно за да претворат одредени молекули во пигменти, наречени антоцијанини.

Нивоата на тие ензими го контролираат факторот на транскрипција – протеин што го регулира изразниот ген – наречен MYB10, така што колку повеќе MYB10 има, толку е поцрвена кората.

За да добиете целосно црвено јаболко, температурите мора да останат ниски. Затоа што ако се искачат над 40 Целзиусови степени, нивото на MYB10 и на антоцијанинот паѓаат. Како што температурите растат, потешко е да се добие црвена боја на јаболко, откриваат земјоделците.

Сега има се помалку и помалку варијанти, а додатоци често се користат на пазарот за да им се даде на јаболка вештачка боја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This