Според податоците на УХМР, нивото на Вардар пониско од јунскиот просек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нивото на реката Вардар на повеќе мерни места по нејзиното течение е под просекот на вредностите за месец јуни, покажуваат податоците на Управата за хидометеоролошки работи.

На мерното место кај Јегуновце нивото на Вардар утринава било 40 сантиметри, за разлика од јунскиот просек кој изнесува 79 сантиметри. Ниско е нивото на Вардар кај Велес, каде утрово се измерени 55 сантимитри, а јунскиот просек на ова место е 71 сантиметар.

Податоците на УХМР покажуваат дека е пониско нивото од јунскиот просек и на другите реки во земјава. Нивото на Треска кај Македонски брод е 12 сантиметри што е двојно помалку од јунскиот просек кој изнесува 26 сантиметри. Нивото на реката Струмица кај Струмица е исто така под просечните вредности за јуни и изнесува 50 сантиметри. Просечните вредности на ова мерно место за јуни се 84 сантиметри.

Минимална отстапка од просечните вредноси во јуни има реката Црн Дрим на мерно место Ложани кај Струга и изнесува 132 сантиметри, а јунскиот просек е 134 сантиметри.

Отстапки кај просечните мерени нивоа нема кај трите езера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This