СПОРЕД ФЕНГ ШУИ ЕЛКАТА СЕ СМЕТА ЗА СИМБОЛ НА ОГAH: Поставете ја на ова место за да ви донесе богатство во 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новогодишната и божиќна декорација може да ја уредиме така да ни создава позитивна енергија во домот.

 

 

 

Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според Фенг Шуи практикантите, триаглестиот облик се смета за симбол на оган, а најдобро место за овој симбол е во горниот лев агол од вашиот дом.

Овој простор се смета за „површина на богатството“, а предметите составени од дрво се особено силни.

Поставувањето на новогодишната елка на ова место, ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Исто така, добро место за новогодишната елка се генерално сите агли или централниот дел од куќата, каде ќе се стабилизира енергијата во текот на овие празнични сезони.

Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени декорации од сина, бела, сребрена и златна боја.

Елката на запад или северозапад би требала да биде во бели, сребрени, златни или жолти тонови, а никако во црвени.

Во случај елката да се наоѓа на југозападен или североисточен дел од домот, поволни се декорации во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрена боја не се препорачува.

За да придонесеме до квалитетна поврзаност со семејството, пожелно е секој член да стави барем еден украс на елката, со оглед што со самиот тој чин, ја поставува и својата лична енергија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This