Според Филипче: “He пoтфpливмe вo нaбaвкaтa нa вakцини, ниe имaмe eдeн oд нajпoдгoтвeнитe cиcтеми”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека пристигнуваат 200.000 вакцини од Кина, и за истите кажа дека ќе бидат сигурен старт. Исто така, Филипче вели и дека ги следи предизвиците на останатите земји, но и тоа дека Македонија е земја која по однос на повеќе механизми побарала вакцини.

„Сите вакцини се сигурни, безбедни се, со кој тип ќе започне вакцинацијата зависи од динамиката на реализација на договорите. Здравствените работници кои работат со новата болест, списоци на граѓани постари, граѓани со хронични болести, имаме списоци со име и презиме, тие први ќе се вакцинираат. Преговорите со компаниите се оптеретени со многу детали, измената на законот беше заради регистрација на продуктот од странско преставништво. Србија ја има таа предност, има преставништво на Фајзер. Самите компании имаат специфични барања, тоа е глобална политика. Не потфрливме во набавката на вакцини, ние имаме еден од најподготвените системи, голем број од земји во регионов немаат стигнато до вакцини, во февруари и во други земји ќе започне вакцинацијата“, истакна Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This