СПОРЕД ХАН МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО: Хан повика да се почитува мнозинството, сметајќи дека Македонците се малцинство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гласноговорникот на еврокомесарот Маја Коцијанчич, деновиве, во неколку наврати повтори дека ставот на ЕУ е да се почитува парламентарното мнозинство, што значи дека Македонците се малцинство

Македонските граѓани со низа транспаренти и македонски знамиња поставени на надвозниците на влезот од Скопје го пречекаа еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој вчера со тројката европратеници беше во Македонија со цел да се сретне со лидерите на политичките партии.

-“Македонија ќе победи”, “Отфрлете ја тиранската платформа”, “Покажете почитување”… Ова се само дел од пораките до Хан испишани на транспарентите.

Хан вчера одби да се сретне со претставници на граѓанското движење “За заедничка Македонија”. Откако тие побараа средба со него, неговата портпаролка Маја Коцијанчич објасни дека тој во Скопје ќе има набиена агенда и дека нема време.

Работите можеа да имаат поинаков тек откако претседателот Ѓорге Иванов најави дека нема да се сретне со комесарот и дека времето за средба им го отстапува на организаторите на протестот за, како што рече, Хан да запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена.

Сепак, ова не беше доволно и попладнето преку Коцијанчич Хан да информира дека нема да се сретне со претставници на “За заедничка Македонија”.

Според агендата на Хан беше предвидено да се сретне со лидерите на политичките партии.
Според предвиденото, еврокомесарот првата средба ја остварил со политичката партија Беса, а веднаш потоа и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

“Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Европскиот пат е отворен за Скопје по последниот Совет на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактизирање. Економијата страда#, напиша на Твитер еврокомесарот по средбата во Собранието на Македонија со лидерот на Беса, Билал Касами.

По Касами, Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, се сретнаа со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, по што треба да имаат одделни средби и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Еврокомесарот и тројката европратенции беа во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.

Гласноговорникот на еврокомесарот Маја Коцијанчич, деновиве, во неколку наврати повтори дека ставот на ЕУ е да се почитува парламентарното мнозинство, што значи дека Македонците се малцинство.

Она што ке остане забележано од оваа посета на Хан на Скопје е негово неаргументираното и комплетно нетранспарентно избегнување да се сретне со вистинскиот и најрелевантниот фактор во Република Македонија, т.е. со нејзините граѓани.

Ова либерално европско лицемерие, кое упорно ги штити сопствените интереси, додека во нашиот двор применува гимнастички експерименти со сомнителна содржина, ги разобличува речиси сите утврдени правила на пристојното меѓународно дејствување и создава сомнежи во однос на мотивите со кои меѓународните претставници ни пристапуваат во условите во кои се соочуваме во актуелниов момент.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This