April 20, 2024, 10:12 am

Според Шилегов: Имаме сериозно подобрен квалитет на воздух во Скопје, ние немаме проблем со аерозагадувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако и вечерва во населбата Ново Лисиче е црвена фаза или 248 пм 10 честички аеро загадување, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје нема проблем со аеро загадувањето и откако тој бил градоначалник воздухот бил подобрен иако не кажа кои конкретни мерки ги превземал за ваквата состојба.

На последната седница на градскиот Совет, на советнички прашања, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ му постави прашање на Шилегов до каде е гасификацијата на Скопје која треба да биде сериозен чекор во борбата против аеро загадувањето.

Загадувањето останува проблем, а дел од тоа загадување се должи на издувните гасови од домаќинствата и индустриските капацитети. Пред неколку години е оформено акционерското друштво Градски енергетски системи кое што требаше да биде и главен дистрибутер на гасот. Дали во 2021 година конечно може да се очекува проток на гас низ гасоводот? – праша Жугиќ.

На ова Шилегов одговори дека Скопје нема проблем со аерозагадувањето.

Палење на гума и пластика е нешто што не ни се случува долж индустриските капацитети во градот Скопје. Имаме сериозно подобрен квалитет на воздух во Скопје. Ние за среќа немаме проблем со аерозагадувањето што не значи дека е доволно, ние ќе продолжиме да работиме да нема толку загадени денови – изјави Шилегов.

Тој додаде дека проблемот со аерозагадувањето не е проблем на Скопје, туку е прашање на државата и одлуката која треба да ја донесе дали гасификацијата ќе биде јавна комунална дејност или ќе биде јавно приватно партнерство на ниво на цела држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This