Споpeд СЗО: Bakцинитe пpoтив кopoнaвиpyc ќe бидaт дocтaпни oд дeкeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.

Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е „од почетокот на декември 2020 година, до почетокот на 2021 година“.

Д-р Маријангела Симао, директор на СЗО, за пристап до лекови и здравствени производи, рече дека развиената вакцина ќе мора да биде лиценцирана во земјата каде што се одржало испитувањето.

„Имаме и производствен капацитет којшто ќе биде потребен за употреба на државно ниво. Треба да се преземат толку многу чекори откако нејзиното испитување во третата фаза е всушност завршено“, објасни Симао, додавајќи дека СЗО работи многу тесно со националните регулатори.

Светската здравствена организација претходно оцени дека е незамисливо коронавирусот да биде оставен слободно да се шири во општеството за жителите, како што некои посочуваат, да создадат колективен имунитет.

„Никогаш во историјата на јавното здравство колективниот имунитет не бил користен како стратегија против некоја епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Повеќе од милион луѓе во светот умреа од последиците на коронавирусот од појавата на таа болест во Кина кон крајот на декември 2019 година.

Гебрејесус вели дека светот се уште не знае доволно за имунитетот кој го стекнуваат оние кои имале коронавирус и додаде дека некои биле заразени и по втор пат.

„Повеќето заразени стекнуваат имунитет за време на првите недели, но се уште не знаеме дали тој имунитет е силен и траен ниту дали се разликува од лице до лице“, додаде тој.

Според неговите зборови, концептот на заеднички имунитет се користи во некои кампањи за вакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This