Спречен нов обид за yбиcтвo на црногорската новинарка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорското обвинителство објави во петокот дека меѓу другите случаи на спречени ликвидации во земјата, бил спречен и нов обид за убиство на црногорската истражувачка новинарка Оливера Лакиќ, врз која имаше обид за атентат пролетта 2018 година.

Специјалниот обвинител на Црна Гора, Саша Чаѓеновиќ, изјави дека во четвртокот биле уапсени две осомничени лица за планирање на убиството, а дека други припадници на криминалната организација од претходно се во затвор. За атентатот им биле понудени 150.000 евра, според обвинителството.

Истата криминална група е осомничена и за обидот за убиство на новинарката во 2018 година, кога Лакиќ беше ранета во ногата.

„Мотивот е спречување на новинарката Оливера Лакиќ да ги истражува криминалните организации на територијата на Црна Гора и нивните врски со криминални групи од регионот“, изјави Чаѓеновиќ.

Новинарските здруженија и претходните години бараа од црногорските власти да ја заштитат Лакиќ.

Донеодамнешната новинарка на дневниот весник Вијести, Лакиќ првпат беше нападната со удари во главата во март 2012 година пред влезот во зградата во којашто живее во Подгорица, а во мај 2018-та на истото место е ранета од огнено оружје.

Претходно добивала закани поради серијата написи за нелегалното производство и криумчарење цигари поврзани со фабриката „Тара“ во Мојковац и сладиште во предградие на Подгорица, како и за поврзаноста на овие активност со црногорската полиција и со црногорските безбедносни служби.

Минатата година американскиот Стејт департмент ѝ ја додели на Оливера Лакиќ меѓународната награда за храбри жени (International Women of Courage Award), којашто ѝ ја врачи сопругата на американските претседател, Меланија Трамп.

На истата прес-конференција во петокот, обвинителот Чаѓеновиќ соопшти и дека Специјалното државно обвинителство и полицијата спречиле повеќе ликвидации и ги уапсиле членовината на криминалната група која била формина поради тоа.

Рече притоа дека таа криминална група била одговорна и за обид за убиство на повеќе лица во Херцег Нови, со поставување „мина со распркувачко насочено дејство“. Чаѓеновиќ додаде и дека на почетокот од декември во Подгорица била спречен ликвидација на едно лице. Според црногорските медиуми, станува збор за пресметки во тамошното подземје кои траат веќе подолг период и се изведуваат и во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This