СПРЕЧЕН TEPOPИCТИЧКИ HAПAД ВО МАКЕДОНИЈА: МВР спороведе акција за спречување на тepopиcтички нaпaд од група на ИCИC!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата спроведе оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на тepopиcтички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на paдикaлни структури поддржувачи на ИCИC.

– Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на тepopиcтички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на paдикaлни структури поддржувачи на ИCИC, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нaпaдoт. Со цел попречување на тepopиcтичкиoт нaпaд и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување, информираат од МВР.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.

Од Министерството информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This