April 16, 2024, 12:34 pm

СПРЕЧЕТЕ ГО ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА:Седум намирници кои се сојузници во борбата со алопецијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема човек кој не посакува да има цврста, сјајна и густа коса, но дерматолозите забележуваат дека во последниве десетина години се поголем број на жени се жалат дека имаат проблем со опаѓањето на косата. Загрижува фактот дека со овој проблем се соочуваат во се помлади години, што порано беше повеќе типично само за машката популација. Опаѓањето на косата кај мажите е познато уште како и андрогена алопеција, иако неретко андрогениот хормон е виновник и за женската алопеција.

close-up of a man checking his hair in the mirror

Нормално е од косата секојдневно да паѓаат 50-80 влакна кои ќе се заменат со нови. Но, се што е над овој број може да укажува на проблем со косопад кој е поттикнат од некои здравствени состојби. Покрај тоа за опаѓање на косата може да придонесе и стресот, начинот на нејзиното стилизирање, па дури и есента како годишно време. Ако опаѓањето на косата е подолготрајно и обемно, сепак најдобро е да се консултирате со вашиот доктор. Но, покрај тоа, може да внесете и одредени промени во начинот на исхрана. Така на природен начин да го спречите или намалите опаѓањето на косата. Во продолжение ви претставуваме 7 намирници кои се сојузници во борбата со алопецијата.

Авокадо

Витаминот Е со кој изобилува ова овошје помага во подобрувањето на циркулацијата на крвта и им помага на фоликулите да работат поефикасно за да го поттикнат растот на косата. Авокадото исто така, е богато и со здрави мононезаситени масти, па може да го додадете во вашето утринско смути или салата.

Цвекло

Сокот од цвекло содржи калциум, калиум и протеини кои заедно со витамините Б и Ц се едни од најважните нутриенти за здрав раст на косата. Можете да додадете свеж сок од цвекло во вашето дневно мени така што ќе го мешате со сок од спанаќ или морков или пак да го додадете во салата. На овој начин ќе обезбедите доволно хранливи материи за да ја одржите косата здрава. Освен што е корисен за косата, сокот од цвекло е важен за силни мускули.

Моркови

Доколку сакате вашата коса да расте брзо, секојдневно консумирајте сок од моркови. Косата е составена од најбрзорастечките ткива во вашето тело, а витаминот А е потребен за раст на секоја клетка. Исто така, овој витамин му помага на скалпот да произведува природно масло – себум. Себумското масло ги одржува корените здрави и го поттикнува растот на косата. Дознајте ги кои се најзначајните 10 причини за повеќе да вклучите моркови во вашата исхрана.

Домашна супа приготвена од коски

Оваа супа изобилува со колаген, протеини и амино киселини, и претставува совршена храна за поттикнување на здрав раст на косата.

Ленено семе

Лененото семе изобилува со омега – 3 масни киселини и помага во спречувањето на понатамошното губење на косата. Ова семе истовремено поттикнува и здрав раст на нови влакна. За таа намена, може да консумирате една лажица ленено семе заедно со една чаша вода на утро или пак да го додавате во сокови, салати и супи.

Масла

Маслата од кокос, семки од тиква и рузмарин имаат многу благопријатно дејство врз косата. Во една студија, на машките испитаници кои се соочувале со губење на косата им било давано по 400 мг. на ден масло од семе од тиква и масло со плацебо ефект. Оваа истражување траело 24 недели. На крајот од оваа студија се дошло до заклучок дека оние испитаници кои земале масло од семе од тиква имале за 40 проценти зголемен раст на косата. Исто така, овие масла се ефикасни и кога се користат како препарати за нега на косата. Кокосовото масло го спречува губењето на протеините од косата. Додека маслото од рузмарин го забрзува растот на нови влакна. Покрај тоа може да направите спреј од нане и рузмарин за подобар раст на косата.

Спанаќ

Една студија покажала дека жените кои се соочуваат со губење на косата имаат значително пониско ниво на витамин Д2 и железо за нивната возраст од оние кои немаат таков проблем. Спанаќот помага против опаѓање на косата, затоа што е богат со витамин Ц и железо. За таа намена може да си припремите салата со спанаќ, печурки и тврдо варени јајца кои изобилуваат со витамин Д. На овој начин значително ќе го намалите губењето на косата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This