March 28, 2024, 11:57 pm

СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ АСИСТЕНТИ: Правниот факултет, контра правото, а за потребите на Фрчко ќе вработува студенти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре на дневен ред на Научно-наставниот совет на Правниот факултет е распишување на конкурс за избор на асистенти.

Според дневниот ред се работи за кандидати за асистенти на сопругот на Рената Десковска, Тони Десковски, асистент на Љубомир Фрчкоски и асистент на поранешната претседателка на Комисијата за хартии од вредност, кадар на социјалдемократите, Весна Пендовска, како и асистент по Уставно право за Рената Десковска.


Правен факултет решава да распише конкурс за нови вработувања, спротивно на мислењето на Антикорупциската комисија дека таквиот избор на асистент ќе биде противзаконски. Факултетот има испратено писмо до Државната комисија за спречување на криминал и корупција, барајќи мислење за тоа дали постои законска пречка за новите вработувања.
Иако антикорупционерите посочуваат дека не постои законска пречка само ако се работи за реизбор на лица кои веќе се во работен однос на Факултетот, ПРавен одлучува да распише конкурс за вработување на нови лица. Се работи за вработување на лица од редовите на социјалдемократите кои ќе бидат асистенти на професорите кои доаѓаат од редовите на истата партија.


Правниот факултет утре противзаконски, во предизборен период, ќе распише конкурс за избор на асистенти кој досега не биле вработени на факултетот, туку лица кои работеле со договор на дело. Правниот факултет одлучува да не чека да завршат локалните избори. Им се брза да ги сместат своите кадри, безразлика што антикорупционерите јасно посочуваат дека доколку се работи за нови вработувања нема можност за распишување на конкурс во овој период.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This