April 16, 2024, 10:40 am

Спротивно на изјавата на Пендаровски, хеликоптерите на АРМ летаат и ноќно време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хеликоптерите на Армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, напиша вечерва претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, додава Пендаровски.

Но, тука се поставува прашањето дали ова тврдење на претседателот на државата е точно, бидејќи постојат факти кои укажуваат токму на спротивното.

Хеликоптерите на АРМ летаат и ноќно време!

Пред повеќе од една година, кога скопјани кои живеат на Водно, во Соње или во Сопиште се пожалија дека во текот на ноќните часови слушале звук од хеликоптери и прашуваа чии хеликоптери летаат, зошто имаат потреба да летаат во доцните ноќни часови, или пак нешто вонредно се случило, од Генералштабот на Армијата за порталот „Фактор“ тогаш им ги расчистија сите дилеми.

Граѓаните да не стравуваат, станува збор за обука за ноќно летање, која е неопходна за пилотите на Армијата. Значи, нема ништо невообичаено, туку само исполнување на неопходните часови за обука за ноќно летање на армиските пилоти, изјавија тогаш Генералштабот на АРМ.

Ова се коси со тврдењето на Пендаровски и значи дека хеликоптерите летале и досега навечер.

И на самата страница на сајтот на АРМ стои дека хеликоптерите на АРМ летаат и ноќно време, односно дека има извршување на мисии ноќе, со употреба на системи за ноќно летање.

Обуки имало дури и на 16 јули 2015 година.

Погледнете на следниов линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This