Спутник V и ЕпиВакКорона се успешни и против британскиот сој на Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за вирологија и биотехнологија „Вектор“ на Федералната служба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) ја потврди ефикасноста на руските вакцини „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ против британскиот сој на коронавирус.

„Заштитниот ефект беше демонстриран во реакциите на неутрализација со употреба на серуми, добиени од лица вакцинирани со вакцините „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“ кои содржат антитела на вирусот SARS-CoV-2“, соопштуваат од „Роспотребнадзор“.

Како што се наведува, серумот на вакцинираните граѓани ефикасно ја неутрализирал како британскиот така и стандардниот сој на коронавирусот.

Новата мутација на коронавирусот беше откриена во Велика Британија кон средината на декември, Според научниците, таа се шири 56-70 проценти побрзо од изворниот вирус. Притоа, нема научни докази за повисока смртност на новиот сој.

Британскиот сој коронавирус е откриен во неколку десетици европски земји, вклучувајќи ја и Русија.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This