СП ТРЕТО КОЛО:Македонија игра дерби меч против Хрватска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска за прв пат во исти ден, ќе играат сите 24 репрезентации. Групите се активни и во Данска и во Германија, а неколку натпревари се издвојуваат и конкурираат за дерби на колото.
Средбата Македонија – Хрватска е еден од тие натпревари, со оглед на тоа дека директно решава за пласман во главната рунда. Хрватите се во поповолна положба затоа што го имаат совладано Исланд во пресрет на овој натпревар.

Русија и Германија е посебен тип на натпревар, но Германија си е фаворит-домаќин, без разлика што Русите на ова СП имаат тим што може да им направи проблеми. Не очекуваме поинаков расплет од победа на Германија, но во првите две кола имавме и супер сензации, па чекаме да видиме кој фаворит ќе падне во треттото коло.

Од оваа група и Србија со Бразил игра меч на се или ништо. Со оглед на ремито со Русија во првото коло, нив и гол разлика им игра улога, не само победа. Но, против Бразил и само победа е полн погодок.

Во Скандинавските групи денеска е помирно, иако Унгарија и Катар, односно Аргентина и Египет воопшто не се натпревари на кои ќе се седи мирно на столчето.

РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА „А“
15:30 Србија – Бразил
18:00 Русија – Германија
20:30 Франција – Кореа

ГРУПА „Б“
15:30 Исланд – Бахреин
18:00 Македонија – Хрватска
20:30 Шпанија – Јапонија

ГРУПА „Ц“
15:30 Тунис – Чиле
17:30 Норвешка – Австрија
20:15 Данска – С. Арабија

ГРУПА „Д“
15:30 Унгарија – Катар
18:00 Аргентина – Египет
20:30 Шведска – Ангола

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This