Грчката крајбрежна стража соопшти вечерва дека спасила 36 мигранти, чиј чамец бил зафатен од невреме, и дека девет лица се водат како исчезнати.
Спасувачите вечерва трагаат по исчезнатите во Средоземното море, југоисточно од островот Крит, а нивните активности ги отежнува силен ветер, наведува Франс прес.
Во операцијата учествуваат и хеликоптер и пет бродови.
Грција е главна транзитна точка за илегална имиграција во Европската Унија.
Бројот на илегални мигранит кои влегуваат во ЕУ значително опадна од почетокот на пандемијата од коронавирус и воведувањето остри мерки на границите.
Извор: Бета