СРАМЕН И ВУЛГAPEH ПОТЕГ НА СИМЕОНЕ: Објаснил зошто се фатил за “мeѓунoжjетo“ и кому му била упатена пораката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атлетико во првиот двобој на осминафиналето на Лига на шампионите, во Мадрид, со 2:0 го победил Јувентус.Во првото полувреме немало премногу содржаен фудбал, но затоа во продолжувањето „пукало на сите страни“.
Атлетико очајниот Јувентус „го yбил“ и резултатот можел да биде поуверлив. Диего Коста промашил зицер, Гризман погодил статива, а на Морати ВАР му поништил гол!
Меѓутоа, во 79. минута на стадинот на Атлетико зоврела. После корнерот од гужва забил Хуменез. Клупата на Атлетико скокнала а посебно еуфоричен бил тренерот на Мадриѓаните Чоло Симеоне кој врискал и се фaќaл за меѓуножјето.
За 2:0 во 84. минута, исто така после прекин гол дал Годин.
После натпреварот најмногу се зборувало за вyлгapниoт гест на Чоло Симеоне, дури повеќе отколку за самиот натпревар, така што тренерот на Атлетико морал прво да објаснува зошто го направил тоа и кому му било наменето.

„Истата работа ја направив како играч на Лацио против Болонја. Тоа го направив повторно за да на нашите навивачи им покажам дека имаме мyдa. Мојот гест не беше усмерен против Јувентус, туку кон нашите навивачи.Признавам тоа не е убав гест, но почувствував потреба да го направам тоа. Толку се боревме, Диего Коста се бореше, а не е спремен. Морав да покажам како се чувствувам. Им се извинувам на сите кои можеби ги навредив, но тоа беше од срце“, рекол Чоло па го коментирал натпреварот:
„Пруживме одлична партија. Ни се вратија важни играчи како Коке и Коста и против големиот противник,кој во своите редови има големи играчи, можевме да одиграме паметно.Моравме да извлечеме максимум од секоја ситуација. овој резултат е добар“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This