СРАМНА ОДЛУКА НА СУДОТ: На Заев ќе му се суди за „Поткуп“, ама кога врбата ќе роди грозје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределено време јавната седница на која треба да одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Седницата денеска е одложена поради тоа што судијата Африм Фидани, кој постапува по овој предмет, минатата недела беше назначен за судија на Врховниот суд, а неговиот заменк се уште не е избран.

Судијата Сафет Кадриу рече дека причина за денешното одложување на седницата е поради тоа што се уште не е направена прераспределба.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Одлуката седницата за „Поткуп“ да биде одложена на неопределено време е само една од низата срамни политички одлуки на судовите откако СДСМ е на власт.

Двојни аршини на политичката правда

Правдата треба да е еднаква за сите и сите треба да се еднакви пред правдата. Ова е теоријата, но во пракса судството во Македонија во моментов е на колена. Правните аргументи и законите не ги гледа никој. Стравот, сервилноста, додворувањето и конформизмот се единственото мерило по кое што Јустиција во Македонија ја дели правдата. Ако некој има меѓународна поддршка или врши политички притисок, ќе доби рочиште кога сака и пресуда каква сака. Фактите и доказите не се важни. Важно е нарачателите да бидат задоволни.

За Заев рочиште на месец ипол, а за конструираните предмети на СЈО има по четири рочишта месечно.

 

Апсурдот да биде поголем, Зоран Заев е тој што бара законски прибавената снимка да не се користи како доказ бидејќи била јавно емитувана, а тој се обиде да изврши пуч, односно бараше смена на власта заканувајќи се и емитувајќи незаконски снимени, монтирани материјали.

Односот на Заев кон судството и судовите кон Заев не се ништо ново. Зоран Заев и кога беше во опозиција отворено кажуваше дека не го признава судот, ниту има намера да ги почитува судските одлуки.

 

 

 

Две години не може да му се суди на Заев за поткупот

Предметот против Заев беше процесуиран уште во март 2015 година. Пред повеќе од 2,5 години МВР поднесе пријава против Зоран Заев поради основано сомнение дека сторил коруптивно кривично дело “примање поткуп“ по член 357 од кривичниот закон. Тогаш полицијата го осомничи струмичкиот градоначалник затоа што побарал подарок по две евра од квадратен метар.

„Едно евро за Вице, а едно евро за црквата“. Според пријавата, станува збор за две градежни парцели со вкупна површина од 100.000 метри квадратни, кои се наоѓаат во Струмица и требале да бидат приватизирани. Следствено на тоа, побаран е поткуп во висина од 200.000 евра.

Заев беше обвинет заради тоа што знаејќи дека оштетениот за ова земјиште има право на користење, му понудил да издејствува кај службените и одговорните лица надлежни за водење на постапките за откуп на земјиштето, да се завршат сите подготовки за отпочнување и завршување на процедурите, по што како градоначалник на општина Струмица би донел конечни Решенија, доколку му биде даден бараниот подарок од по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште.

Исто така оштетениот требало да ја плати и законски предвидената цена за откупот на земјиштето од  околу 70 денари за еден метар квадратен.

Од тогаш беа закажани голем број рочишта. Сосема очекувано, сите до едно се одложија. Причините предизвикуваа потсмев и шеги во јавноста, а понижување за судот и целата правна фела. Само годинава одложени се седум рочишта.

Прилично различно од динамиката со која се суди по предметите на СЈО каде во еден месец се закажуваат по четири рочишта. Истото се случуваше и минатата година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори. Медиумите и јавноста беа зачудени за „толерантноста“ на судот кон сите оправдувања за средби со амбасадори или конзули или соработници по амбасади со кои на Заев му беше дозволено да го влече судот за нос.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This