СРАМНА ОДЛУКА НА СУДОТ: Пресудата за градоначалникот шверцер на цигари јасно го отсликува судството кое што е заробено од страна на СДСМ и криминалниот картел на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На новинарското прашање каков е нивниот коментар за пресудата на градоначалникот на Ново Село, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека денеска тие виделе уште една фарса од судењето за која посведочила и јавноста.

Денеска видовме уште една фарса од судење за која што посведочи јавноста, а тоа е за градоначалникот на СДСМ од Ново Село и таа пресуда јасно го отсликува судството кое што е заробено од страна на СДСМ и на криминалниот картел кој што е на власт. Впрочем кога адвокатот на Зоран Заев го брани нивниот градоначалник од Ново Село кој што е фатен во криминал, шверц на цигари, не може да се очекува ништо друго. Исто како и неговиот шеф Зоран Заев, познатиот во јавноста, во Ново Село и Струмица, Боро Марлборо си доби преквалификација на делото. Тоа е дека делото му било во обид како што можеа да соопштат. Нормално судот ниту смее да испита дали тоа дело се повторувало наназад, ниту да спроведе истрага за потекло на неговиот имот или не дај Боже да конфискува барем едно евро од сето она што го има. Така да можеби еврата ќе отидат на друга страна. Без разлика што се фатени живи како шверцуваат цигари, тие ќе бидат пуштени на слобода и ќе можат и понатака да ги злоупотребуваат нивните функции кои што се јавни, а впрочем не треба да го прават тоа. Со вакви обвинителни акти ние сме далеку од вредностите на Европската Унија, потенцираше Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This