April 19, 2024, 10:56 am

СРАМОТА-ВЛАДАТА ГИ КОРИСТИ ТPАГЕДИИТЕ ЗА ПРОПАГАНДА ЗА ВАКЦИНАТА: Родителите ги демантираат здравствените власти-Нашиот син не почина од сипаници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на детето кое почина ги демантираат тврдењата на здравствените власти кои велат дека детето починало од сипаници. Орхан Шабани вели дека неговиот син Мираџ, веќе починат, 6 месеци боледувал од белите дробови.

Потpесното сведоштво на родителите го објавува ТЕЛЕВИЗИЈА 21.

Таткото ги обBинува лекарите и вели дека тие не го лекувале неговиот син како што треба. И лекарските извештаи потврдуваат дека на детето му била дијагностицирана бронхопневмонија.

–Мојот син не почина од сипаници, тоа е три дена и ги помина, како кај секого. Мојот син претходно имаше бронхитис и проблеми со пневмонија. Беше 11 дена во “Козле“ на Водно, потоа на Клиниката за Инфектологија два дена и не се погрижија како што треба, му дадоа само инфузија, слаба терапија му дадоа и не го испитаа подетално, вели Орхан Шабани, пренесува телевизијата.

И мајката на Мираџ, Суреја, вели дека нејзиниот син не бил лекуван правилно. Таа вели дека со месеци одела по болниците, а дека нејзиниот син сипаници добил во болницата Козле. Според неа, Мираџ починал 2 недели откако му поминале сипаниците.

-Не преземаа мерки и да ни кажат дека има сипаници. Од болницата за детски болести им се јавија телефонски и им кажаа дека многу пациенти од Козле доаѓаат со сипаници, дека не е само моето дете. На сите пријатели кои беа тука, децата им беа со сипаници. Медицинските услуги многу слаби-вели Суреја Шабани.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This