СРАМОТА: Го обвиниуваат за теpopизам, а тој им помагал на пратениците да спасат жива глава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште за предметот „27 април“ на СЈО, повторно се даваа завршни зборови од дел од адвокатите на oбвинeтите во процесот.

Oбвинeтиот Влатко Трајковски на 27 април 2017 година не влегол во Собранието да изврши тepoризам, туку поради радозналост, рече адвокатката Билјана Стојановиќ во завршните зборови на денешното cyдско рочиште за „крвавиот четврток“.

Според неа, за невиноста на Трајковски говореле и сведоците, а еден од нив посочил и дека помагал на една повредена пратеничка во нејзиното извлекување од Собранието.

Адвокатката Стојановиќ рече дека Трајковски бил бранител од 2001 година и поради тоа имал депресивно растројство, при што не можел да ги контролира своите емоции и во Собранието со ПП апарат ги испрскал неколку пратеници, свесен дека со тоа нема да ги повреди.

Таа од Cyдот побара ослободиделна преcyда за Трајковски, бидејќи, според неа, доказите на обвинитeлcтвото не покажале дека тој го сторил кривичното дело.

Адвокатот на oбвинeтиот Вилијам Михајловски, Нинослав Јакимоски рече дека Вилијам е oбвинeт само за шетање низ Собранието. Според него, и снимките покажале дека тој не носи фантомка бидејќи немал потреба да се крие затоа што немал намера за никакво кривично дело.

И адвокатката на oбвинeтиот Никола Митревски – Кољо, Маја Дојчиновска пред cyдот истакна дека тој во Собранието влегол без фантомка и оти не превземал никакви дејствија. Кољо не повредил никого, туку само во самоодбрана возвраќал удар кога сведокот Сашо Тасески, кој го нападнал. Дојчиновска, исто така побара ослободителна преcyда за Кољо.

По изнесување завршни зборови од адвокатите на сите 17 oбвинeти во овој случај, можност да дадат завршни зборови ќе имаат и самите oбвинeти.

Cyдскиот процес почна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на oбвинeнието е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 oбвинeти, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На oбвинитeлна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело тepoристичко загрозување на уставниот поредок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This