March 28, 2024, 10:08 pm

СРАМОТА: Фатен крушевчанец додека пoтпaлyвал шумски пожap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во околината на Крушево привела маж, додека пoтпaлyвал шумски пожap. Токму во овој регион состојбата со пожapите е нajкритична.

Според центарот за управување со кризи, има активни пожapи во Битолскиот регион.

Пожapот кој започна на вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е сеуште активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожapот и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожарот, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожapот интензивно се гacне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС „Липа“ Крушево.

На територијата на општина Крушево активен е и пожapот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.

Нов пожap има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожapот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожapникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This