„Срам да ви е“: Матичните лекари со остра реакција до Министерството за здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичниот лекар Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари која денеска го организираше получасовниот протест во знак на револт поради игнорантскиот однос на државата кон нив откако почна пандемијата на Ковид-19, денеска на својот профил на Фејсбук ја објави својата разочараност од ставот на Министерството за здравство.

Матичните лекари порача: Доста е! Тие побара од здравствените власти во Македонија ангажирање на млад кадар во справувањето со епидемијата, но и помош во заштитна опрема.

Министерството за здравство е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, игнорантски однос на власта и непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес.

Без лажење молам.

Еднократно, мизерни 50 вакви маски по тим од лекар и мед. сестра е целата државна помош која е доделена на матични лекари овие 4 месеци,
и ни приближно немаат сите добиено.

Срам да ви е.
Вакви трошам по 10 на ден само јас, и тоа барем трослојни, колку можам си дозволувам KN95, напиша д-р Лазаров на Фејсбук.

Матичните лекари бараат:

– Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.

– Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам.

– Бараме да има член-претставник од матичните лекари во Комисија за заразни болести.

– Стопирање на какви било „реформи“, најавени од први јули, невиден преседан среде пандемија.

– Итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа.

Во соопштение од МЗ наведуваат дека матичните лекари добиле медицинска заштитна опрема. Во врска со барањето на матичните лекари, да упатуваат пациенти на тестирање за Ковид-10 сами, а не да се водат по алгоритам, министерството вели дека подготвениот алгоритам за индикација за тест за Ковид-19 е изработен со цел да ја олесни работата на матичните лекари и да обезбеди унифициран пристап.

Изјавата на МЗ по однос на денешните наши барања искажани на протестот е повеќе од скандалозна.

Молам еве јавно да не демантираат и да објават каква заштитна опрема, колку и на кои матични лекари е доделена! Па уште од прв ден, лага голема!

Околу членство во Комисијата за заразни болести, не постои никаква пречка да има претставник на матичните лекари како надворешен член без право на глас, ко што има и во моментов, во советодавна улога.

По прашањето за можност нелимитирано да тестираме пациенти по наше мнение, одговорот не е ниту одговор,секој кој до сега се соочил со плтребата да е тестиран, знае дали и колку можеме.

Изненадени не може да бидат бидејќи апелираме неколку месеци!, пишува д-р Лазаров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This