April 19, 2024, 10:17 pm

(Видео) Србинки држeни како с*кс-рoбинки: Скршeн гoлем лaнец на пpoституциjа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен Србинки, со „најстариот занает“ се занимавале и Колумбијки, Романки, Бразилки, Венецуелки и жени од Доминиканската република. Во борделот, дури имало и банкомат.

Шпанската полиција провали во неколку станови и прекина синџир на организирана проституција во Барселона. Уапсени се 14 членови на озлогласена криминална група и 25 проститутки, меѓу кои и неколку Србинки. Макроата ги држеле девојките речиси како секс-робинки, а девојките за малку или ич пари требало и да продаваат дрога и Вијагра на клиентите, пишува српски Курир.
Освен Србинки, со „најстариот занает“ се занимавале и Колумбијки, Романки, Бразилки, Венецуелки и жени од Доминиканската република. Во борделот, дури имало и банкомат.

– На овој начин, клиентите можеа да повлечат пари и да платат за дрога или сексуални услуги. Ова не е ништо ново, бидејќи шпанската полиција веќе пронајде банкомати во бордели – истакна извор во локалните медиуми.

Како беше скршен овој моќен ланец на проституција?

„Во становите беа поставени камери за да можат макроата да ги следат. Исто така, се случувало девојките да не добијат паричен надоместок за нивните услуги“, наведуваат локалните медиуми во Шпанија, повикувајќи се на извори од полицијата.

Најчесто дрогата бил кокаин или марихуана, а од таблетите најдена е вијагра.

– Утврдено е дека некои од нив биле донесени во Шпанија за измама, а имале и обврска да им нудат и продаваат наркотици на своите клиенти – кокаин и марихуана, како и таблети за потенција, вијагра – посочи соговорникот од полицијата.

Освен дрога, запленети биле пари и оружје:

„Запленети се 282.000 евра во готово, но беше пронајдена и документацијата што ја воделе макроата за обезбедените сексуални услуги, а се покажа дека добивале и чекови, како и уплатници. Уапсените се товарат за трговија со луѓе, принудна проституција, трговија со дрога, поседување оружје и припадност на организирана криминална група“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This