СРБИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА НА СДС НЕЗАДОВОЛНИ: Раскол во коалицијата на СДС и Српската партија за Старо Нагоричане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската партија која влезе во коалицијата на СДС објави свој кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане, само ден откако СДС на централен одбор ја изгласале Жаклина Јовановска како кандидат за градоначалник во оваа општина

Кандидат е Горан Спасиќ, a одлуката објавена на фејсбук профилот на партијата ја сподели и претседателот на огранокот и заменик министер за земјоделство Власте Димковиќ.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] „Српската партија во Македонија, општински одбор Старо Нагоричане на последната седница за кандидат за градоначалник на општината Старо Нагоричане на престојните локални избори со мнозинство гласови го избра Горан Спасиќ„, – стои во ФБ објавата СПМ.

 

[/kopa_block_quote]

Оваа одлука уследи само еден ден откако на централниот одбор на СДСМ во Скопје, Жаклина Јовановска беше промовирана за кандидат на градоначалник на Старо Нагоричане.

Србите биле незадоволни, бидејќи тие го сакале градоначалничкото место во Старо Нагоричане.  Неофицијални извори од СДСМ велат дека Српската партија како нова партија со скромно членство и капцитет добила премногу позиции и раководни места во извршната власт, поради што било логично местото прв човек на општината по толку години да и припадне на СДСМ. – пишува локалниот портал Кумановоњуз.

Дали кавгата за градоначалничко место во Старо Нагоричане ќе го наруши коалициониот договор помеѓу партиите или ќе се надмине недоразбирањето останува да видиме.

Инаку, во кумановската чаршија на големо се зборува дека Жаклина Јовановска била избрана за кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане, на инсистирање на Оливер Спасовски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This