Србија воведува koвид сертификати за влез во затворени простории

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на Кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирус, беше одлучено во Србија да се воведат ковид пропусници во угостителски објекти во затворени простории. Овие мерки ќе важат од 23 октомври во 22 часот, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ по седницата на Кризниот штаб, кажа дека Владата на Србија на утрешната седница ќе ја усвои оваа одлука.

Брнабиќ изјави дека епидемиолошката состојба е катастрофална и дека веќе долго време размислувала што да направи како премиер и дека едноставно не разбира зошто мерките не се почитуваат. Таа додаде дека вакцинацијата е исклучително лоша и ја соопшти најновата одлука на Кризниот штаб:

-Од сабота, 23 октомври, во 22 часот, ќе се воведат ковид пропусници кои ќе важат за сите затворени угостителски објекти – барови, кафулиња, клубови, ресторани – изјави Брнабиќ, додавајќи дека комуналната милиција и сите инспекции строго ќе ги контролираат не само на ковид пропусниците, туку и почитувањето на сите постојни мерки во продавниците, трговските центри и сличните објекти.

Таа објасни дека ковид пропусниците што се воведуваат не вклучуваат само доказ за вакцинација, туку и ПЦР тест не постар од 72 часа, антиген тест не постар од 48 часа и потврда за прележан коронавирус не постар од седум месеци.

Таа додаде дека кога станува збор за вакцините, тоа значи дека втората доза од вакцината не е дадена повеќе од 210 дена или пред седум месеци.

-За странците потребен им е дигитален ЕУ сертификат или сертификат од земјата со која Србија има потпишано договор за признавање на сертификатот. Се надеваме дека ова ќе ја забрза вакцинацијата. Ова е единствениот начин за да го победиме корона вирусот, кажа Брнабиќ.

Според неа, сертификатот ќе може да се прикажува во хартиена форма или во дигитален формат преку мобилен телефон.

Епидемиологот од кризниот штаб, д -р Предраг Кон, неодамна изјави дека медицинскиот дел е на мислење дека треба да се воведат порестриктивни мерки во смисла на намалување на контактите, што би значело скратување на работното време, и 10 дена да биде отворено само она што е витално и суштинско.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This