СРБИЈА ГИ ЗАЦВРСТУВА ОДНОСИТЕ СО КИНА: Претседателот Вучиќ и посака срдечно добредојде на новата амбасадорка на Кина во Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес и посака срдечно добредојде на амбасадорката на Кина, Чен Бо, изразувајќи надеж дека за време на дипломатскиот престој во Белград ќе се зацврсти пријателството помеѓу двете земји.

Амбасадорката Чен, пак, ги пренесе поздравите од претседателот Си  на, како што рече таа, својот пријател, претседателот Вучиќ.

Вучиќ изјави дека е горд што односите на релација Србија-Кина се на највисоко ниво во историјата и се надева дека претседателот Си ќе ги посети и годинава.

Тој изрази благодарност за интензивниот политички дијалог и плодната економска соработка помеѓу двете земји. Вучиќ исто така се заблагодари и за поканата на Вториот форум за соработка како дел од иницијативата „Појас и пат“ кој ќе се одржи во април во Пекинг.

Амбасадорката истакна дека во Србија гледа лојален партнер и искрен пријател, чија поддршка најискрено ја цени.

Таа исто така додаде дека Кина го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Србија во однос на Косово и Метохија, и дека ги поддржува обидите да се изнајде решение преку дијалог.

Амабасадорката рече дека веднаш по пристигнувањето во Србија забележала огромен напредок во земјата во споредба со нејзините претходно посети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This