Србија го набави лекот со кој се лекуваше Доналд Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот лек против коронавирусот „бамланивимаб“ на компанијата “Ели Лили“, треба да пристигне во Србија во април или мај. Овој лек е голема надеж за сите тешко болни од Sars-CoV-2, затоа што лекот е иновативна терапија против коронавирусот и може да спречи влошување на текот на болеста кај најризичните пациенти.

Само една доза од лекот кој што се дава со интравенска инфузија чини од 2.000 евра, па нагоре, но за лечење потребна е само една доза.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна зборуваше за „скапиот лек“ што го нарача Србија, без да прецизира за кој лек станува збор. Тој изјави дека, благодарение на овој лек, ќе се спасат од 1.000 до 2.000 човечки животи.

Германскиот министер за здравство Јенс Спан исто така на почетокот на февруари изјави дека нивната влада купила нов лек за борба против коронавирусот.

Станува збор за моноклонални антитела кои ги прими поранешниот американски претседател Доналд Трамп како дел од терапијата против ковид 19 минатата година.

Германската влада купи 200.000 дози „бамланивимаб“ и РЕГН-КоВ-2 за 400 милиони евра. Како што најави Спан, првично ќе се користи во универзитетски клиники.

– Моноклоналните антитела делуваат како пасивна вакцина. Ако се дадат во раните фази, тие можат да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат влошување на текот на болеста – објасни Спан.
„Бамланивимаб“ е единствена терапија со антитела произведена од „Ели Лили“. REGN-CoV-2 се состои од две антитела – казиривимаб и имдевимаб – и го разви Регенерон.

Како делуваат овие лекови?

Двете терапии со антитела се дизајнирани да го блокираат САРС-КоВ-2 шилестиот протеин и на тој начин да спречат вирусот да се поврзе и да влезе во човечките клетки. Овие идентични таканаречени моноклонални антитела се лабораториски дизајнирани и направени за да нападнат одреден вирус на различни начини.

Бамланивимаб содржи единствено моноклонално антитело. REGN-CoV-2 се состои од две моноклонални антитела, пишува ДВ.

Американската фармацевтска компанија „Регенерон“ вели дека неговиот коктел со антитела го намалува вирусното оптоварување.

– Предноста на коктелот на Регенерон е тоа што содржи две антитела и ја зголемува шансата барем едно од нив да се покаже ефикасно за време на третманот – рече вирусологот Сандра Циесек за германските медиуми.
Извор: Блиц.рс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This