СРБИЈА ДОБИВА МИЛИОНИ: Србија за инфраструктурни проекти од ЕУ ќе добие 21 милион евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија од ЕУ ќе добие 21 милион евра за 15 нови инфраструктурни проекти, чија потенцијална инвестициска вредност е поголема од 900 милиони евра.

Средствата ќе бидат обезбедени преку програмата „Поддршка на ЕУ во подготовка на проекти”. Тоа ќе бидат пари наменети за подготовка на техничка и тендерска документација. Таа програма е финансирана од претпристапните фондови со донација од 19,7 милиони евра. Српската влада ќе инвестира околу 1,3 милиони евра.

Целта на програмата што се однесува на инфраструктурни проекти во областа на животната средина, енергетика и транспорт, е да се промовира подготовката на модерна и одржлива инфраструктура во Србија, како и за зајакнување на техничките и административните капацитети во управувањето и користењето на претпристапните фондови, со цел да се забрза процесот на подготовка Србија за членство во ЕУ.

Проектите ќе се реализираат во Лозница, Панчево, Краљево, Соко Бања, Крагуевац, Ужице, Пожега, Ивањица, Кладово, Врбас, Белград…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This