Србија и Грција со рекорден број на починати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Црниот петок“ скапо ќе ја чини Србија, предупредија во саботата лекарите од владиниот Кризен штаб на денот кога земјата забележа 61 смртени исход како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, што е најголемиот ваков показател на дневно ниво од почетокот на епидемијата.

Со новиот показател, што е за четири смртни случаи повисок од пресекот за петокот, вкупниот број починати во текот на епидемијата во Србија се зголеми на 1.484, според владината веб-страница covid19.rs. Според тоа, процентот на смртноста е 0,91 отсто.

Србија во изминатите 24 часа во саботата пријави 7.041 нов случај на зараза со коронавирусот, со 18.592 тестови, за разлика од ден претходно кога пријави 7.780 новозаразени потврдеи со 22.404 тестови.

Од почетокот на епидемијата во земјата, на 6-ти март, досега се потврдени 163.035 коронаинфекции. Во моментов во српските болници се згрижени 7.011 пациенти, од кои 254 се во тешка состојба и на респиратори.

Коментирајќи ја епидемиолошката состојба во земјата, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека „Србија мора да рестира голем број лица, многу повеќе отколку земјите во опкружувањето.

Во контекстот на тоа спомена дека Србија „има помалку починати од Македонија, која има четири пати помалку жители, или од Хрватска која е 1,8 пати помала. „Бугарија има 3.600 починати, Унгарија, 4.800, Романија 11.000, а тоа покажува колку нашиот здравствен систем се бори“, рече Вучиќ во Ниш во текот на посетата на тенковските единици на Војската на Србија.

Коментирајќи ја изјавата на претставникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во Белград дека Србија е во врвот на листата земји според бројот на заразените, Вучиќ повтори дека „Србија тестира огромен број лица токму за да ги спаси нивите животи“.

Во изминатите 24 часа во Грција пак, е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи на дневно ниво, почина 121 лице, а намален е бројот на новозаразени, со 1.747 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно, најголемиот број заразени е во Солун, 486. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина се 273, а останатите во 48 различни делови на земјата. Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 606 пациенти. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 103.034 случаи, а починаа 2.223 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This