Србија развива домашен тест за kopoнавирус што ќе детектира и мyтации и нови видови на вирycот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија развива домашен антигенски тест за коронавирус што ќе може да детектира и мутации и нови видови на вирусот, а Тања Ќирковиќ-Величковиќ, професорка на Хемискиот факултет во Белград и шеф на тимот што работи на овој проект, вели дека основниот тест може да биде готов до крајот на оваа година, објави Н1.

„Верувам дека имаме потенцијал да бидеме регионален центар за производство на вакви тестови за брзо откривање на коронавирусот, дури и мутирани соеви и нови закани од тој вид“, вели Ќирковиќ-Величковиќ.

Се работи за тест што ги комбинира карактеристиките на антигенскиот и ПЦР-тестот, поточно мултипликацијата што се прави при ПЦР-тестирањето, кога гените на вирусот се мултиплицираат милијарда пати за да може да се детектираат.

Според професорката на Хемискиот факултет, тоа ќе ја зголеми чувствителноста, а со тоа и веродостојноста на тестот.

Тимот на Ќирковиќ-Величковиќ предложил уште две новини што треба да ги направат тестовите посигурни, а сите компоненти на тестот ќе бидат произведени во Србија.

Таа вели дека во овој момент не може да процени за колку време би биле готови резултатите по употребата на ваков тест, бидејќи таа фаза од истражувањето ќе започне да се изведува следната година.

„Ќе работиме на тоа да го задржиме времето што е можно пократко“, рече Ќирковиќ-Величковиќ и додаде дека до лето ќе се работи на производство на антигени.

На прашањето кога може да заврши основниот тест, таа рече дека тоа е можно до крајот на годината, но не може да каже со 100-процентна сигурност.

Ќирковиќ-Величковиќ смета дека Србија треба да се позиционира како лидер во регионот за биотехнологии и протеинска биохемија.

Таа потсетува дека кога започна пандемијата на инфекција со ковид-19 не било можно да се дојде до тестовите, па дури и до заштитни маски.

„Во вакви кризни моменти секоја земја пред сè го обезбедува своето население, затоа верувам дека е важно за Србија да има центри што можат да реагираат и да ги приспособат своите истражувања на моменталната состојба“, рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This