Србија се подготвува: Руската вakцина ќе се пpoизведува во инстутутот Тopлак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека експерти од Институтот Торлак денес патуваат во Русија, каде ќе ги посетат погоните каде се произведува вакцината Спутник 5, со цел да се обидат да ја произведат таа вакцина во Србија.

Тие ќе го следат целиот процес на производство и ќе се обидеме да произведеме вакцина Спутник во нашата земја, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека Србија е единствената во светот што има кинеска вакцина Синофарм, без да учествува во третата фаза на клинички студии, што зборува за степенот на пријателство со Кина.

Брнабиќ нагласи дека Србија досега набавила повеќе од милион вакцини и дека уште шест милиони вакцини се договорени во преговорите со производителите.

Вакцината е достапна и бесплатна за граѓаните. Лекарите никого не враќаат, кој сака да се вакцинира, тоа ќе се случи. Денес сум горда, но морам да работам и за утре. Вакцината е резервирана прво, а потоа кога ќе пристигне следува регистрација – рече таа.

Премиерот на Србија рече дека милион вакцини не се малку.

Тоа е голема бројка, дури и за Кина. Да се ​​разбереме, ние плативме за сето тоа, но тие сигурно направија многу за нас – рече Брнабиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This