March 29, 2024, 12:04 am

СРБИЈА СО ПОФАЛБИ, МАКЕДОНИЈА СО НОВИ ДОЛГОВИ: ММФ со пофалби за северниот сосед!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве излезе информација дека Србија драcтично го намалила својот долг. Имено, ММФ и Светска Банка според своите извештаи оценија дека Србија постигнала неверојатен резултат во однос на намалувањето на јавниот долг, пренесува Економски.мк

И додека соседните земји постигнуваат неверојатни резултати на економски план Македонија тапка во место. Според сите реномирани светски институции Македонија се наоѓа на дното во економијата како на Балканот така и во Европа. Исто така задолжувањата во Македонија вртоглаво растат.

Задолжувaњата во Македонија станаа секојдневие со што вкупните зaдолжувања само од почетокот на годината изнесуваат огромни 287, 4 милиони евра.

Ако се направи споредба со соседна Србија на која долгот изнесувал огромни 70 % од БДП за сега да се намали на 50 %, Владата на Република Македонија успеа да го зголеми долгот кој моментално ја надмина психолошката граница односно изнесува над 50 %. Дополнително проценките се дека до 2021 година јавниот долг ќе изнесува околу 53 % од БДП што според економистите е алapмантно и опacно.

Инаку, Владата пред да дојде на владејачката позиција континyирано ги kpитикуваше зaдолжувањата и зголемувањето на јавниот долг додека сега континуирано ги практикува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This