СРБИЈА ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА ЗА НЕВИДЕНИОТ ПРИТИСОК ОД НАТО: Целта е да се убеди Србија да се приклучи кон НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Одборот за одбрана и внатрешни работи на Парламентот на Србија ги известиле нивните руски колеги за невидениот притисок на НАТО врз Белград со цел  да го убедат да се приклучи кон Северноатланскиот Пакт, изјави заменик претседателот на Одборот за меѓународни работи на Советот на Руската Федерација Андреј Климов.

„Врз Србите моментално се врши невиден притисок, за да се приклучат кон НАТО. Тоа е во целост спротивно на официјалните изјави кои секогаш ги слушаме од структурите на НАТО, дека наводно никој не го присилуваат да дојде кај нив, туку дека луѓето сами пристапуваат и дека тие не можат да ги одбијат“, изјави Климов.

Руската парламентарна делегација која ја предводи Климов, а во чиј состав е и Сергеј Железнак и сенаторот Оксан Белокоњ, како и потпредседателот на Државната дума  Петар Толстој, се во дводневна посета на Србија.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This