March 28, 2024, 11:31 am

Србија ќе ги затвора училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека епидемиолошката состојба ќе се процени на денешната седница на Кризниот штаб, дека ќе се дискутира за досега воведените мерки, но и за оние предложени од медицинскиот дел на Кризниот штаб, чие усвојување е одложено.

Кон посочи дека станува збор пред се за преминот на училиштата кон онлајн настава.

„Секако се дискутира за тоа, не можам однапред да кажам дали ќе се донесе одлука”, рече Кон како гостин во РТС.

Тој изјави дека, во ваква неповолна епидемиолошка состојба, може да го охрабри фактот дека не повеќе од половина од новозаболените се во Белград, туку помалку од една третина. Тој посочи дека ова е типично прелевање. Белград, како прво место каде што вирусот одеднаш се активираше, најверојатно го достигна својот максимум, сега се поставува прашањето како ќе продолжи да тече“, рече Кон.

Тој потенцираше дека проблем е што бројките се уште се на високо ниво и има голем број на оние кои се на болничко лекување.

Зборувајќи за почитување на мерките , тој праша зошто луѓето не се однесуваат како да е вонредна состојба .

“Зошто не можеме да им кажеме на нашите граѓани – луѓе, сите кои сте над 65 години, не излегувајте никаде. Избегнувајте каков било контакт, внимавајте да не бидете во контакт со оние кои имале контакти, нека бидат и најблиски роднини. Останете доследни во заштита на себе си и своите животи“, рече Кон, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This