Србија ќе го набави лekот со кој го лekуваа Tpaмп, пpoтив kopoната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија потпиша договор со фармациската компанија Гилеад за набавка на пола милиони третмани на лекот Велкур (Ремдесивир), кој се користи за лекување на Ковид 19, а со кој се лекуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во оваа набавка учествуваа 36 потписници на Спогодбата за заедничка набавка , вклучувајќи ги сите земји од ЕУ, но и Србија и останатите пет кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Во ЕК наведуваат дека сите земји учеснички со заедничката набавка сега можат директно да го порачуваат лекот од Велкур од компанијата.

Воведно се додава дека Веклур моментално е единствен лек со условно одобрување, за пуштање во промет во ЕУ, за лекување на пациентите со Ковид-19, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп во болница го прими лекот Ремдесивир. Терапијата треба да трае пет дана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This