СРБИЈА ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО: Но Вучиќ рече дека ќе бара и нешто за возврат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ навести дека Белград може да го признае Косово како суверена држава, но рече дека тоа ќе бара нешто за возврат.  Вучиќ даде коментари во интервју за италијанската новинска агенција АНСА.


„Прво мора да најдеме компромис. Не можеме да го признаеме Косово без да добиеме нешто“, рече Вучиќ.

„Сигурен сум дека со помош на европски пријатели и со поддршка на Русија, Америка, Кина и други земји, можеме да постигнеме решение“, додаде тој.

Белград и Приштина се под меѓународен притисок да постигнат договор за нормализирање на односите како услов за напредок на патот кон интеграцијата во Европската унија. Во последниве неколку месеци, косовскиот претседател Хашим Тачи и неговиот српски колега, Вучиќ, неколкупати разговараа околу идејата за промена на границите како шанса за договор. Оваа идеја наиде на реакции за и против.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This