April 20, 2024, 10:16 am

СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ ДАТУМ НА 18ти ЈУНИ: И тоа без да сменат име и устав!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следната меѓувладина конференција на ЕУ на која би можело да биде отворено ново поглавје во преговорите за пристап кон Унијата ќе се одржи на 18 јуни, потврдија дипломатски извори во Брисел за Танјуг.

Романија, која моментално претседава со ЕУ, предвиде дека на оваа конференција ќе се отворат најмногу две нови поглавја.

Во работните тела на Европската Унија моментално се отворени пет преговарачки поглавја кои се уште немаат поддршка од сите членки на унијата, а се очекува на започнување на 14то поглавје кое се однесува на транспорт.

При одлучувањето кои поглавја ќе бидат отворени земјите ќе се фокусираат на извештаите за владеењето на правото во Србија.

Поради мајките избори во европскиот парламент за кратко ќе доцнат извештаите од Европската комисија за напредокот на земјите во евроинтеграцијата.

За разлика од претходните две години кога извештаите и cтрaтегиите за проширување беа објавувани во април, оваа година ќе бидат објавени при крајот на мај, односно не пред 29 мај.

Во моментот не е јасно дали земјите членки ќе имаат доволно време да ги разгледаат извештаите и да донесат длука за процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон Унијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This