СРБИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЦРНОГОРЦИ ВО ЗЕМЈАТА: Поради криминалните пресмети, Србија ги затвара границите кон Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денес изјави дека нема да дозволи Србија да биде полигон за пресметка на двата најсилни кланови од Црна Гора и дека ќе биде забранет влез во земјата на оние кои ги сметаат за ризик по безбедноста на Србија

Стефановиќ тоа го кажал одговарајќи на прашање дали постои опасност за пресметка на црногорските криминални кланови, кои би можеле да се „прелијат“ во Србија.

Тој укажува дека МВР на Србија интензивно ја следи ситуацијата на терен и случувањата во Црна Гора, се разменуваат информации со колегите од соседната земја и ги превзема сите мерки на терен за да не се дозволи криминална пресметка на српска територија.

„Ќе забраниме влез во земјата на еден број на лица за кои сметаме дека можат да ја загрозат безбедноста на земјата и ќе продолжиме со силни и репресивни акции, со што ќе испратиме јасна порака дека такви лица не се добредојдени на територија на Србија“, наведува српскиот министер.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This