April 26, 2024, 10:49 am

СРБОВ: Освен со пари, албанските гласови се купени со големи ветувања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските гласови се купувани со пари, но албанските гласови верувајте се купувани со многу големи ветувања. Со ветувања за решавање на големи прашања во Република Македонија, рече Србов во студиото на ТВ Нова.

nikola-srbov-640x331

 

– Што може Албанец да очекува повеќе во овој момент од тоа што го има сега како право во Република Македонија? Ги имаат апсолутно сите права, да не се повторуваме колку се ускратени прави на други етнички заедници на сметка на албанските права да се дадат. Не може ништо повеќе што друго би барал освен тоа што го пишуваа СДСМ во својата програма, а тоа е низ мала врата да ни се протне кантонизацијата преку децентрализацијата на општините. Гледавме вчера како во Куманово при обид на полициска акција беа спречени специјалците од членство на СДСМ, е сега замислете ситуација како што пишуваат во програмата, да биде децентрализирана македонската полицијата и во Куманово да има свој ингеренции повеќе од ова што го има сега, значи тогаш не членството на СДСМ туку тогаш таа некоја локална полиција ќе може да ги спречи специјалците да спречат терористички напад во кумановско или тетовско, кажа Србов.

Во однос на двојазичноста, Србов смета дека тоа води кон едно јазично подрачје и поделба на државата:

– Го гледаме сценариото што беше запишано во програмата на СДСМ за двојазичноста во Република Македонија каде што Зоран Заев предвидел дека од најмала возраст децата во градинките треба да учат албански јазик за меѓујазично да се разбирале. Тоа ќе доведе до задолжително изучување на албанскиот јазик на Македонците во цела Македонија, посебно во западна Македонија и создавање на едно-јазично подрачје, а тоа веќе води кон поделба на државата, смета политичкиот аналитичар Никола Србов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This