April 19, 2024, 11:23 pm

СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ ЗА ЗАЕВ ОД БУГАРСКИТЕ УЛТРАНАЦИОНАЛИСТИ: Со транспарент „Добре дошли у дома“ Заев поздравен во Софија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев во Софија срдечно бил пречекан од бугарските ултранационалисти од фалсификаторската ВМРО-БНД со транспарент на кој што пишува „Добредојде дома“ – пренесува порталот Експрес.мк

Партијата „ВМРО – Бугарско Национално Движење“ заедно со партиите „Атака“ и „Националниот Фронт за спас на Бугарија“ е дел националистичкиот блок Обединети патриоти кој освои 27 пратеници од вкупно 240 на последните избори во 2016 година.

Заедно со 95 -те пратеници на ГЕРБ бугарската влада во моментов има само еден пратеник повеќе од потребното мнозинство односно премиерот Борисов се наоѓа во идентична ситуација како и неговиот македонски колега Заев чија коалиција има 62 пратеници во Собранието.

Според медиумите на коалицијата на ВМРО – БНД, Борисов и Заев со Софија разговарале за општата историја и празниците а потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји и предуслов без кој Бугарија нема да го поддржи влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Според партијата на Каракачанов договорот што треба да биде потпишан на Илинден ќе биде парафиран согласно формулата „на уставните јазици на двете држави“ како што беше случај во 1999 година кога беше потпишана декларацијата за пријателство и соработка.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This