СРЕДБА ВО ХЕЛСИНКИ: Рускиот и американскиот претседател ќе се сретнат во Финската претстолнина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа ја разгледува можноста главниот град на Финска – Хелсинки да биде потенцијална локација за средбата на претседателот на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, пренесува “Политико”, повикувајќи се на неименувани извори.

“Во овој момент, потенцијалната локација за средбата е Хелсинки, главниот град на Финска”, вели изворот.

Како што е наведено, иако ништо конкретно не е договорено за можниот самит, “се прават подготовки за да се случи во Хелсинки”.

Претходно, весникот “Фајненшл тајмс”, пренесе повикувајќи се на неименувани високи функционери во Русија, изјави дека на средбата на Путин и Трамп ќе се одржи по посетата на претседателот на САД, Велика Британија на 13 јули.

Според весникот, страните постигнаа прелиминарен договор бидејќи логистички е подобро средбата да се одржи во друга земја, а не во Австрија.

Подоцна, рускиот портпарол на претседателот Дмитриј Песков одби да ги коментира наводите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This