April 16, 2024, 11:19 pm

Средба Вучиќ-Радев: „Ние сме браќа, токму Кирил и Методиј ја покажаа оваа блискост низ вековите“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се обидеме да ги почитуваме работите што нe врзуваат и приближуваат, како и да ги решаваме работите што не делеа во минатото, истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, кои присуствуваа на откривањето на споменик на Свети Кирил и Методиј во Димитровград.

Вучиќ на прес-конференцијата изрази благодарност до Бугарија за поддршката за европскиот пат, оценувајќи дека двете земји немаат никакви проблеми, како во посета на споменици така и во решавањето на сите историски проблеми кои, како што рече, треба да се остават позади и да се размислува за иднината.

-Ние сме браќа и со отварањето на споменикот на Свети Кирил и Методиј ги почитуваме работите кои не врзуваат и зближуваат, и ќе ги решаваме оние малку работи што во минатото не раздвојувале – изјави Вучиќ, кој додаде дека на средбата со Радев е разговарано за бугарското национално малцинство и градбата на автопатот кон Софија, реконструкција на пругата Ниш -Димитровград и брзата пруга Белград – Ниш, изградбата на интерконекторот со гас во вредност 89 милиони евра и отварањато на нови гранични премини.

Радев истакна дека двата народа имаат духовна и историска блискост, заедничка историја, но и заедничка иднина. Тој порача дека „споменикот покажува како двата народи со почитување се однесуваат кон разликите и како на разумен начин се решава она што ги оддалечувало, и да можат и на другите држави во регионот да им покажат како се гради пријателство и како се почитуваат историски корени“.

– Блиски сме, не само географски, туку и духовно, токму Кирил и Методиј ја покажаа оваа блискост низ вековите бидејќи пишуваме на истата азбука, со што малку луѓе можат да се пофалат. Сакам да им се заблагодарам на сите што придонесоа овој настан да се одржи и да им се обратам на нашите сонародници и да се потсетиме на зборовите на Вучиќ кога го поставивме камен-темелникот, што и јас го споделувам – бидете слободни и горди да се изразите и чувајте го својот дух, корените јазикот и идентитетот, но не заборавајте да сте лојални граѓани на земјата во која живеете и ги почитувате законите на земјата во која живеете, бидејќи тоа е начинот да се постигне заедничка европска иднина – изјави Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This