СРЕДБА ГРУЕВСКИ-БОРИСОВ: ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за договорот кој го потпиша марионетската влада на Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски, во текот на вчерашниот ден оствари средба со премиерот на Република Бугарија, г-дин Бојко Борисов.

Соговорниците разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, при што беше истакната заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, и интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на  пријателството помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, економски развој и подобра соработка помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Во однос на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на оваа тема има принципиелни, долгогодишни и аргументирани ставови чија основна идеја беше постигнување на договор во кој нема да има чувство на победник и поразен и кој ќе ја реализира идејата за вистинско и рамноправно пријателство и соработка помеѓу двете држави и народи. Тој го извести својот соговорник дека согласно ставот на Централниот комитет на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на договорот кој го потпиша марионетската влада на Зоран Заев, а за кој ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивни и суштински забелешки и предлози за негово подобрување.

Двете страни ја истакна значајноста и потребата од што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, како приоритет кој ќе обезбеди трајна стабилизација на регионот и ќе обезбеди услови за дополнителен економски развој на истиот.

Соговорниците разговараа и за соработката во областа на Европската народна партија, каде што членуваат и двете партии ВМРО-ДПМНЕ И ГЕРБ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This