СРЕДБА МИЦКОСКИ – БАРТОЛ: Македонија може да даде голем придонес во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во земјава. На средбата се разговараше стратешките приоритети на Република Македонија како што е побрза интеграција во НАТО, и други теми важни за регионот и за актуелната економска и политичка состојба во државата.

Мицкоски го информирал Бартол дека во земјава „сериозно е загрозена демократијата преку политичкиот прогон на неистомислениците и постојаниот притисок врз институциите од страна на власта“. На полето на економијата, Мицкоски изразил загриженост за катастрофалните економски политики на власта чија неспособност ја смести државата убедливо на европското дно.

На средбата, Мицкоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека стратешка определба на земјава е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својот став дека е потребно зачленување во НАТО алијансата. Тој посочи дека Република Македонија може да даде голем придонес во НАТО како гарант за безбедноста на регионот. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес кој е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This