СРЕДБА МИЦКОСКИ – ТИМОНИЕ: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со Францускиот амбасадор во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес 16.01.2018 година придружуван од членот на Извршниот комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република Франција имаат добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина.

Претседателот Христијан Мицкоски истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори се во насока на остварување на овој наш стратешки интерес. Мицкоски потенцираше дека досега од владата во таа насока гледаме само деклеративни заложби, без конкретни дела.

Мицкоски го информираше господинот Тимоние и за политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла. Што е удар врз демократијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ гледа огромен пријател во Република Франција и ќе се грижи за унапредување на односите во иднина, со цел просперитет на нашите два народи.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This