March 28, 2024, 12:26 pm

СРЕДБА МИЦКОСКИ – ЈАЗБЕЦ: Мицкоски на средба со словенскиот амбасадор – разговарале за криминалите на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо со информации за прогрес и реформи, јавноста секојдневно е преплавена со афери и коруптивни скандали на власта кои немаат никаква разрешница. Институциите се заробени и замижуваат пред сомнежите за криминал на власта, а се користат единствено за пресметка со политичките неистомисленици.

Ова беше една од темите на кои што се разговараше на денешниот состанок помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јазбец, информираат од партијата.

-Мицкоски ја изрази загриженоста од фактот дека Република Mакедонија не само што не оди напред, туку и назадува во поголем број области. На средбата се разговараше и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го запозна амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања, со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите права со политичкиот терор кој го спроведува власта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„На средбата претседателот Мицкоски ја презентираше и лошата економска состојба, која е предизвикана од лошите економски политики на владата кои се повеќе им штетат на граѓаните. Од страна на Мицкоски беше констатирано дека добрите односи со Република Словенија треба да се негуваат и унапредуваат. Исто така беше потенцирано дека на Република Македонија и се неопходни искуствата на Словенија во евроатланската интеграција. На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Словенија за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија. За овие стремежи за интеграција да се остварат неопходно е власта да се зафати со работа и остварување на приоритетните реформи преку активно вклучување на опозицијата“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This