March 28, 2024, 10:31 pm

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША: Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на Вашингтон, САД ја продолжи својата интензивна дипломатска активност отпочнувајќи неколкудневна агенда на посети на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија.


-Во текот на вчерашниот ден претседателот Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски остварија средба со поранешниот премиер и сега лидер на словенечката опозиција и претседател на СДС, Јанез Јанша. На средбата во Љубљана се разговараше за повеќе актуелни теми, врзани за можностите за меѓу партиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата врзани со членството во НАТО и ЕУ. Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за што најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области.

-Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани, посочи Мицкоски.

Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои.

Лидерот на СДС Јанша даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека државата што побрзо ќе оствари конечен напредок во однос на нејзините евроатлански интеграции.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This